Без победник на дербито во Пробиштип.
Иако екипата на Тиверија беше многу подобра од својот противник сепак не успеа да ги освои трите бода. за одбележување се промашените зицери на Сашко Јованов и Даме Алаѓозовски како и поништениот гол од наводен офсајд на Кире Нистров. Домаќините не упатија ниту еден удар кон голот на Стојков.
По завршувањето на натпреварот домаќините физички го нападнаа главниот судија и делегатот Пилешков. Се очекуват големи казни за поединци од Рудар.
Со нерешениот резултат Тиверија се симна едно место подоле и сега е еден бод зад водечкиот Осогово.
Ова коло го одбележа и неочекуваниот пораз на Плачковица од последнопласираната Слога Филип II.
Резултати:
Рудар – Тиверија 0-0
Зрновка – Каменица Саса 2-1
Осогово – Карбинци 6-4
Малеш 1919 – Младост О. 6-2
Астибо – Василево 3-2
Младост М. – Брегалница 3-0
Слога Филип II – Плачковица Јака 2-1
Мак Млин и Овче Поле (слободни)