Лесна победа на ФК Тиверија против аутсајдерот Младост Муртино. Фудбалерите на Тиверија играа колку што е потребно за да стигнат до победата. Поседот на топката постојано беше кај фудбалерите на Тиверија.
На денешниот натпревар тренерот Митев ги одмараше капитенот Митко Јованов, Дарко Стојанов, Ристо Андонов и Маријан Иванов. Кире Нистров не беше во составот поради црвениот картон од Карбинци, додека пак Ристе Ристов се пожали на повреда на коленото па и тој не беше во комбинација. Веќе подолго во составот на Тиверија го нема Мартин Алаѓозовски.
На денешниот натпревар шанса добија младите Костадин Циев, Горан Андонов, Бобан Петров, Трајче Серафимовски и голманот Драган Мишовски кои ја оправдаа довербата на тренерот Митев.
Веќе стандарден првотимец и еден од подобрите поединци на секој натпревар е и младиот Јордан Серафимовски кој во преодниот рок дојде од соседот Беласица каде што не доби никаква шанса да се докаже.
Кај гостите од Муртино забележителен настап имаше напаѓачот Костуранов.